На 25. 02. 2018 година, во првата недела од Великиот пост – Неделата на Православието, кога Светата Црква ги празнува Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски; Свети Алексиј, митрополит Московски; Преподобна Марија; Свети Антониј, патријарх Цариградски; Света Калија, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести Светите Христови Тајни.