На 11. 03. 2018 година, во третата недела од Великиот пост – Крстопоклона недела, кога Светата Црква ги празнува свети Порфириј, епископ Гаски и светиот маченик Јован Калфа, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски во сослужение на протојерејот Александар Ивановски и старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Пред започнувањето на Литургијата, според типикот на светата православна црква, насреде храмот беше изнесен светиот Крст, а на сите кои му се поклонија, им беше доделено гранче босилок.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Тропар
глас четврти
Спаси ги Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство;
дарувај му на нашиот Православен народ победи над неприjателот
и чувај го со Твојот животворен Крст.