На 11. 03. 2018 година, во третата недела од Великиот пост – Крстопоклона недела, кога Светата Црква ги празнува свети Порфириј, епископ Гаски и светиот маченик Јован Калфа, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, jерејот Игор Младеновски, служеше Света Василиева Литургија.
Пред започнувањето на Литургијата, според типикот на светата православна црква, насреде храмот беше изнесен светиот Крст, а на сите кои му се поклонија, им беше доделено гранче босилок.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Чесниот Христов Крст гледајќи го денес изложен, да му се поклониме, и верно да се развеселиме со љубов целивајќи го, доброволно распнатиот на него Господа молејќи Го, да нѐ удостои сите нас, и на чесниот Крст да се поклониме, та и вокресението неосудено да го достигнеме
(егзапостилар на Утрена на Крстопоклона недела)