На 31. 03. 2018 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува Воскресението на Лазар Четириднецниот – пријателот Господов (Лазарева сабота), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.