На 25. 02. 2018 година, во првата недела од Великиот пост – Неделата на Православието, кога Светата Црква ги празнува Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски; Свети Алексиј, митрополит Московски; Преподобна Марија; Свети Антониј, патријарх Цариградски; Света Калија, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.