На 16. 03. 2018, во петокот од четвртата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск; Света Пијамука Мисирска; Светата непозната девојка, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Литургија на Претходно-осветени дарови.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.