
На 21. 02. 2018, во првата среда од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува споменот на Светиот великомаченик Теодор Стратилат; Светиот пророк Захарија; Свети Сава II, архиепископ Српски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Литургија на Претходно-осветени дарови.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.