МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
АВСТРАЛИСКО – СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА
До:
Неговото Високопреосвештенство
Митрополитот Дебарско-кичевски
и Администратор Австралиско-сиднејски
г. Tимотеј
„Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата“.
(Матеј 5,16)
Ваше Високопреосвештенство,
ја имамe особената чест да Ви се обратиме со следнaтa:
Ч Е С Т И Т К А
Благословете почитуван Митрополите и дозволете да Ви се обратиме со оваа скромна честитка по повод Вашиот именден, од името на сите членовите на Австралиско – сиднејската православна епархија.
Информативната служба се придружува и ги пренесува многубројните честитки од: Епархискиот управен одбор (ЕУО); Епархискиот црковно-просветен совет (ЕЦПС); Македонската православна младина на Австралија (МОYA), Одборите на храмовите низ епархијата и секако честитките од чесното свештенство и сиот верен народ.
Со особена радост, собрани во единство и едномислие, Ви го честитаме Вашиот именден и чествувајќи го Вашиот закрилник пред Господа, светиот апостол Тимотеј, Го молиме Троедниот Бог – да Ве дарува со долголетие, крепко здравје, татковска љубов, сила и мудрост за правилно да раководите со Вашата Богомдарувана и доверена паства и да зрачите по примерот и ревноста на светиот апостол Тимотеј, кој целиот свој живот го помина во мисија за ширење на верата и на Светата Црква.
НА МНОГАЈА И БЛАГАЈА ЛЕТААА, ВИСOКOПРЕОСВЕТЕНИ ВЛАДИКО!!!
Просејќи архипастирски благослов, ја целиваме Вашата света десница, замолувајќи Ве да го примите изразот на нашето високо почитување.
Христос посреде нас! Е, и ќе биде!
Од името на сите членови на Австралиско-сиднејската епархија:
Управата, телата и органите, одборите и
секако од чесното свештенство и верниот народ
во Сиднеј – Викторија,
04. 02. 2024 година
Епископот е икона Христова во Црквата, тој ја олицетворува полнотата на Црквата и нејзиното единство, и неединството со него значи раскинување со Црквата. Заедницата со владиката значи единство со Црквата: „каде е епископот – таму нека бидат и верните, зашто каде е Христос – таму е и соборната Црква“
Свети Игнатиј Богоносец