На 30. 07. 2017 година, во 8 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светата великомаченичка Марина (Огнена Марија) и на преподобниот Леонид Устнедумски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија – со што започна овогодишната Илинденска прослава.
По Литургијата во црковниот двор пред споменикот на паднатите борци беше отслужена панихида за покој на душата на хероите за слободата.
Потоа се одржа пригодна прослава на која учество зедоа играорците од КУД „Илинден“.