Со гранки, умно и духовно очистени, верно да Го
восфалиме Христа како децата, гласно пеејќи Му
на Господа: Благословен си, Спасителу, Кој дојде во
светот, за да го спасиш Адама од древната клетва,
духовно станувајќи Новиот Адам, Спасителу, Слово,
Кој благоволи да создадеш сè премудро, слава Ти.
(Седален на Утрена на Цветници, глас 4)
На 21.04.2019 година, кога го празнуваме влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – празникот Цветници, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.