На 02. 05. 2024 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово.
На богослужението учество зеде мноштво верен народ.