На 25. 12. 2024 година, кога се празнува споменот на Свети Спиридон, епископ Тримифунтски, во МПЦО „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, отец Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински и на ерејот Климент Станковски и на о. Јован Димитров од РЗПЦ отслужи Света божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
По Литургијата беше отслужен помен за блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј.