Соединувајќи се со Христа си го оставил светот, живеејќи со дух, телото си го
распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и
безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите
молитви, избави нè од искушенија.
(Тропар на Св. Наум Охридски, глас 4.)
На 05. 01 .2019 година, кога Црквата го прославува Преподобниот Наум, Охридскиот чудотворец, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија со Свети Божествени Литургиимолитвено беше прославен неговиот спомен. На Божествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.