На 07. 12. 2024, во предвечерието на празникот посветен на Свети Климент Охридски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Ефтим Бетински и на ерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба, со што започна торжественото празнување на манастирската слава.
На богослуженито учество зеде мноштво народ.