Епархискиот црковно-просветен совет на Австралиско-сиднејската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија во изминатиот период ја возобнови својата Информативна (https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/) и просветна служба.
Имајќи ги во предвид можностите, кои ги нудат социјалните медиуми, а во рамки на унапредување на односите со јавноста и информирањето, покрај достапноста на вестите и информациите од Епархијата на веќе официјалниот фејзбук профил (https://www.facebook.com/MPCAustralia), истите ќе можете да ги следите и на новиот инстаграм профил на Епархијата.
Инстаграм профилот е достапен на следниот линк: https://www.instagram.com/mpcoauso/.