На 28. 08. 2024 година, кога го празнуваме празникот на Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински во сослужение со отец Гаврил отслужи Света Златоустова Литургија со што беше одбележана храмовата слава.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.