ВО РОКДЕЈЛ ОТСЛУЖЕН ПАРАСТОС ЗА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ

Today, we conducted a memorial service for our beloved Metropolitan Timotej, who fell asleep in the Lord. May God grant him the Kingdom of Heaven.
На ден 27. 11. 2024 година, во македонската црковна општина „Света Петка“ во Рокдејл се отслужи парастос за блаженоупокоениот митрополит Тимотеј.
Освен парохискиот свештеник о. Владо Недески, на поменот свое учество зедоа и отците Александар Ивановски и Климент Џепаровски, а молитвено присуствуваше почитуваниот старец Антипа од Скитот на Света Ана од Света Гора, кој лично се познаваше со покојниот Митрополит Тимотеј.
По парастосот се одржа кратка комеморација, на која беше произнесен краток говор од страна на г-дин Кире Циревски (на македонски јазик) и од г-дин Александар Младеновски (на англиски јазик).
Говорите и фотографиите се во прилог на оваа објава.
Семилостивиот Бог нека ја насели неговата благородна душа во Царството Божјо.
****

Во понеделник, 25 ноември 2024 година, по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски, кои уште од детски години го задоиле својот пород, меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога.

Почитта кон Бога придонесла, по завршувањето на основното училиште, под сестраната духовна грижа на протојереј–ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протојереј–ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во манастир „Св. Илија“ во с. Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево. По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година.

По дипломирањето, една година бил службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа, заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрирал со тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско” и се здобил со магистерска диплома. На повик на САС на МПЦ – ОА, се враќа во Татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: Литургика, Историја на уметноста и Патрологија. САС за МПЦ – ОА го назначи и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево – Скопје.

 

На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11 септември 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на ман. „Св. Наум Охридски“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ – ОА во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје.

 

Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит Австралиски. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија која ја управуваше како нејзин Администратор, од кадешто со самопрегор и трпеливост ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година, а со Дебарско–кичевската епархија до неговото упокојување. Од 2016 година од САС на МПЦ – ОА е назначен да управува како администратор со  Австралиско-сиднејската епархија.

Во изминативе 43 години како архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија (1997 – 2000 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а до неговото блажено упокојување беше и портпарол на САС на МПЦ.

Особено за нашата црковна парохија Св. Петка во Рокдаел, Митрополитот Тимотеј има посебно значење. Тој ја има осветено црковната сала, пред една година го преосвети олтарот, и посебно мора да се назначи неговата улога и залагање за нашиот прием како парохија во Австралиско-сиднејската епархија, неговиот влог и напор да се заврши долгогодишниот црковен спор. Пошироко, неговата улога за надминување на долгогодишниот раскол во Авсралиска епархија е непроценлив.

Со нашиот парохиски свештеник Отец Владо, браќата во управата, сестринсвото, нашите пароијани и сестрински цроквни општини во Австралиско-сиднејската епархија, обединети сме во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Семилостивиот Бог да му го подари Царството Небесно.

Вечнаја Памјат наш сакан и почитуван Дедо Тимотеј!

 

****

 

 

On Monday, November 25, 2024, after a short illness, His Eminence, Metropolitan Timotej of Debar-Kicevo and Administrator of Australia-Sydney fell asleep in the Lord.

Metropolitan Timotej , secular name Slave Jovanovski, was born on October 20, 1951 in Mlado Nagoricane, Kumanovo. He comes from noble and God-loving parents Aleksandar and Ljuba Jovanovski, who nursed him with Christian love and love for God from childhood.

After finishing primary school, and under the spiritual care of archpriest Stojko Spasevski from Kumanovo and the pastoral guidance of archpriest Spase Stefanovski, the young Slave enrolled as a regular student in the Macedonian Orthodox Theological School “St. Clement of Ohrid”, first in the monastery “St. Ilija” in the village Banjane, near Skopje, and then in Drachevo. After finishing theology, he enrolled at the Faculty of Theology in Belgrade, from which he graduated in 1976.

After graduation, he was a clerk in the Macedonian Archdiocese in Skopje for one year. Then, he left for postgraduate studies at the Pontifical Oriental Institute in Rome (from 1977 to 1979). He successfully completed his Master’s degree with the thesis “The Cult of the Blessed Virgin Mary in Ohrid and Ohrid region” and obtained a Master’s degree. At the request of the Synod of the Macedonian Orthodox Church, he returned to his homeland and got a position as a lecturer at the Faculty of Theology “St. Clement of Ohrid” in the subjects: Liturgy, Art History and Patrology. The Synod also appointed him as acting rector of the Theological Seminary “St. Clement of Ohrid” in Drachevo – Skopje.

 

On September 10, 1981 in the monastery of “St. John the Baptist” – Bigorski, from the right hand of the then Archbishop of Ohrid and Macedonia Angelarij , he was tonsured as monk with the monastic name TIMOTEJ ; on September 11, 1981, he was ordained as a Hierodeacon in the same monastery; on September 13, 1981, he was ordained as a Hieromonk in the monastery of “The Holy Mother of God” – Prechista near Kicevo, and for an Archimandrite he was ordained  in the metichion of the Monastery of “St. Naum of Ohrid” in Bitola. After being elected as a Bishop by the Synod of the Macedonian Orthodox Church, on September 20, 1981, he was consecrated as a Bishop in the church of “St. Demetrius” in Skopje.

From September 21, 1981, by Decision of the Synod, he was appointed Metropolitan of Australia. The conditions at the time dictated that he be assigned the vacant Debar-Kicevo Diocese, which he was appointed as  Administrator of, and from where he oversaw both dioceses with self-denial and patience: the Australian one until 1995, and the Debar-Kicevo Diocese until his passing. Since 2016, he was  appointed by the  Synod of the Macedonian Orthodox Church as  Administrator of  the Australia-Sydney Diocese.

In the past 43 years as as hierarch of the Macedonian Orthodox Church – Ohrid Archdiocese, Metropolitan Timotej performed many other responsible duties: he was the Secretary of the Synod of the MOC, administrator of the Povardar diocese (1997 – 2000 and from 5. 7. 2002 to 1. 10 . 2006), and until his repose was the official Spokesperson  of the Macedonian Orthodox Church.

Under his guidance, numerous churches and monasteries were restored, including the St. Clement’s Monastery at Plaoshnik. He established the “Kaneo” publishing house, which produced religious texts and liturgical books.

He  was a tireless advocate for the Macedonian Orthodox Church, working to secure its recognition and independence.

Especially for our parish of St. Petka in Rockdale, Metropolitan Timotej holds a special significance. He consecrated our church hall, a year ago he reconsecrated the altar; importantly, his role and commitment for our admittance as a parish in the Australian-Sydney diocese was profound, including his contribution and effort to end the decade long court case. More broadly, his role in overcoming the internal schism in the Australian Diocese is invaluable.

With our parish priest Father Vlado, brothers on the church committee, the  sisterhood, our parishioners and sister parishes in the Australian-Sydney diocese, we are united in prayer for the repose of his soul with hope in the resurrection. May our Merciful God grant him the Eternal Kingdom.

May his memory be Eternal!