ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕПОДОБНИОТ ГАВРИЛ, ЕПИСКОПОТ ВЕЛИЧКИ

На 11. 01. 2025, во предвечерието на чествувањето на споменот на  Преподобен Гаврил, епископ Велички; во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Ефтим Бетински и на јерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба.

На Вечерната богослужба учество зеде мноштво народ, кој имаше можност да се поклони на светите мошти на светител Гаврил Светогорец, епископот Велички, кој е светител од нашето време.

На крај присутните верници му го честитаа именденот на игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев) и му посакаа крепко здравје, големи успеси во новото Лето Господово, многу мигови исполнети со радост.

По молитвите на нашиот свет отец Гаврил Светогорец, епископ Велички, Господи Исусе Христе, помилуј не! Амин.