Денес е почетокот на нашето спасение
и откривање на вечната тајна:
Синот Божји станува Син на Дева,
и Гаврил блага вест објавува.
Затоа и ние да повикаме кон Богородица:
Радувај се, Благодатна, Господ е со тебе!
(Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица, глас 4)
На 07. 04. 2019 година, во Неделата од четвртата седмица на Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник, кога го чествуваме празникот Благовештение на Пресвета Богородица, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени (Василиеви) Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.