На 10. 02. 2018, во саботата пред Месопусната недела (на Страшниот суд), кога Светата Црква ги празнува Преподобен Ефрем Сирин; Преподобен Исаак Сирин; Преподобен Паладиј; Преподобен Ефрем Печерски (+1096), и кога си спомнуваме за упокоените (Задушница), во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Заупокоена Литургија и Парастос за сите браќа и сестри, упокоени со надеж за воскресение и живот вечен.
Нека им е вечен споменот!
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.