What is the meaning of the prayer, why and how we have to pray? – Arhimandrite Gavril (Galev) / Кое е значењето на молитвата, зошто и како треба да се молиме? – Архимандрит Гаврил (Галев)

Prayer is necessary for everyone. It is for the soul as air is for the body. We are physical and psychic beings, so besides caring for the body we need to care for the soul too. Caring for the soul is even much more important, because, the body, due to sin, has to undergo corruption and decay, and it is the soul that continues into existence (being).

Prayer is giving, a continuous struggle and reconciliation with God. It is a communion and a conversation with Him.

When praying we talk to our King who is at the same time our friend. With awe and dignity – freely, quietly, with no rush, attentively, with chosen words.

It is the most convenient to say the prayer in half voice or in whisper, alone, preferably in a darkened room with the help of a prayer rope. It helps our concentration so that the thoughts won’t wander about the objects in the room.

The struggle of the spirit (prayer) needs help from the body. To stand still, that is to feel not comfort but a slight pain standing. It is also advisable to make prostrations (deep bows). Certainly, if we are exhausted, we can say the prayer while in a sitting position. The holy Fathers also used special techniques in their prayer practice, but this is for the more advanced,

I will try to find you a good text or a link to read about prayer. I can now think of the writings of our elder Naum who writes very well about prayer. You can also find texts on prayer by the contemporary elders Joseph Spilaioti the Hesychast, Ephraim of Philotheou and Arizona, elder Porphyrios, elder Paisios… Also elder Sophrony of Essex and metropolitan Antony Bloom are good authors on prayer.

But, above all, it is necessary to have a spiritual father, a guide, from whom you get a prayer rule which consists of certain prayers and readings of the Holy Scriptures, on a daily basis. Let us start our day with prayer and in the evening before we go to bed, let us end our day with prayer. Also, during the day you say mostly the Jesus prayer “Lord Jesus Christ, have mercy on me sinner” and read form the Holy Scriptures, the lives of the saints and the works of the holy fathers. The prayer rule is specific and different for different people but it needs to be mutually agreed on with the spiritual father.

This is about the meaning, the need and the practice of prayer.

May the Lord and the Theotokos be with you!


Молитвата е неопходна за секој човек. Таа за душата е исто како и воздухот за телото. Ние сме психофизичко битие што значи покрај тоа што треба да се грижиме за телото, треба да се грижиме и за душата. И тоа многу повеќе затоа што, телото, заради гревот, мора да претрпи распаѓање, а душата е таа што продолжува и понатака да егзистира (постои).

Молитвата е (пре)давање, непрестаен подвиг и помирување со Бог. Заедница  и разговор со Него.

Кога се молиме ние разговараме со нашиот Цар кој истовремено ни е и пријател. Со стравопочит и достоинство, слободно, тивко, без брзање, со внимание и одбрани зборови.

Најпрактично е молитвата да се изговара полугласно или како во шепот, осамени, може и во затемнета соба со бројаница. Тоа помага најмногу за концентација, за да не ти лута(шета) умот по предметите од просторијата.

На подвигот на духот (молитвата) потребно е да му соодејсвува и телото. Да се стои неподвижно, односно да не чуствува удобност, туку блага болка од стоењето. Исто треба да се прават и метании (длабоки поклони). Секако, ако сме многу изморени, може и во седечка состојба да ја кажуваме молитвата. Светите Отци практикувале и посебни техники за неа ама тоа е за посовршените.

Ќе се обидам да ти најдам некој добар текст или линк да си прочиташ за неа. Од тоа што сега ми доаѓа на памет, нашиот дедо Наум многу убаво пишува за молитвата. Исто, ако најдеш текст од современите старци Јосиф Спилет Исихастот, Ефрем Филотејски и Аризонски, Порфириј, Пајсиј… Добар е и старец Софрониј Сахаров од Есекс, исто така и Митрополитот Антониј Блум.

Но, пред сѐ, неопходно е да си имаш духовен Отец, раководител, од кого ќе добиеш молитвено правило кое се состои од одредени секојдневни молитви, и читање на Светото Писмо, преку денот. Да го започнеме денот со молитва и навечер пред легнување да го завршиме денот со молитва. Исто така преку денот да си ја кажуваш претежно Исусовата молитва „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот (грешната)“ и да читаме од Светото Писмо, житијата на светиите и делата на светите отци. Молитвеното правило е индивидуално и за секој различно во взаемен договор со духовниот отец.

Toa е за значението, потребата и практиката на молитвата.

Господ и Богородица со тебе!