Небесата достојно да се веселат, а земјата нека се радува; нека празнува светот – видливиот и невидливиот, зашто воскресна Христос, радоста наша вечна.
На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!