Во Светата и сесветла ноќ на Воскресението, во тоа триумфално торжество за победата над смртта, живоносниот блесокот од празниот Гроб во Ерусалим ја озарува сета вселена со зраците на невечерниот, осми ден на Царството Христово. Тој блесок го осветлува и радува целото создание, видливо и невидливо, „небото, и земјата, и преисподната
На 08. 04. 2018 година, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојереј Станко Јовановски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!