Владиката г.Тимотеј го освети најубавиот иконостас во Австралија

Владиката г. Тимотеј со осветување на новиот иконостас на храмот „Св. Никола“ во Кабрамата, Сиднеј, на 20. 01. 2017 година ја продолжува канонската посета на Австралија. Македонците во Австралија со голема радост го пречекуваат владиката г. Тимотеј на сите настани, а храмовите се полни со верници.

Иконостасот кој бил осветен во „Св. Никола“ во Кабрамата, Сиднеј е дрворезбан иконостас со нови икони. Иконостасот кој беше осветен е рачна изработка на мајстори од Охридско-Дебарското копаничарско школо „Димче Јанко“ и е изработен од ореово дрво.
Н
овите икони се дело на светски реномираниот македонски академски сликар, Синиша Кашавелски.

Храмот е осветен во 1986 година од страна на г. Тимотеј. Во 1997 година, откако управата одбива да му ги препише имотите и да му исполни неиздржани барања, тогаш новоимениуваниот Администратор г. Петар почнува да тврди дека храмот бил неканонски, иако уште две години потоа во него служеле негови свештеници. Потоа тој ги повлекува свештениците како уцена за да му бидат препишани имотите. Управата не потклекнува на уцената, туку самостојно ангажира други свештеници од Македонија. Од 2013 година, по договорот за назначување на г. Тимотеј за администратор, во овој храм служи протојереј – ставрофор Ѓоргија Лапоски.