Владиката Петар започнува нов суд против црковната општина „Света Петка“ од Рокдејл – Сиднеј (Нов Јужен Велс)

  • ​Зарем не му беше доволно дваесетина години да се влече по австралиските судови? Но на крајот сите како црква и заедница сме губитници. Тоа е факт дека  владиката Петар е “НЕПОПРАВЛИВ”  , како што  самиот сега Блаженоупокоен, поранешен поглавар на МПЦ – ОА г.г. Гаврил  запиша во своето обвинение пред да ја донесе пресудата и одлуката за рачинување. на владиката Петар тогаш Европски владика.

 

  • ​Владиката Петар за време на неговата канонска визитација во Австралија донесе две одлуки Бр: 4 и 5, на 17 Јануари 2017 со кои одобрува покренување на судски рочишта против управата и црковната општина Св. Петка од Рогдејл со која се спореше дваесетина години. На крајот само адвокатите се офајдија.

 

  • ​Писмено беше известен САС на МПЦ – ОА, кои  пак писмено од седницата одржана на 29.06.2017  под  Бр: 117  даваат препорака со која предлагаат да се седне заедно со адвокатите од двете страни и да се дојде до спогодба на легалните трошоци. Но во тоа не се успеа бидејки пред доагањето на владиката Петар  судското рочиште веке е закажано. Сега се отвора пандорината кутија со која  МПЦ  – ОА ке биде вовлечена уште најмалку  5 години во суд, а ке бидат потрошени уште неколку милиони долари.

 

  • ​Како што изгледа дека и овој пат, како и многупати порано, непрокопсаниот владика Петар успеа да ги разубеди членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА со неговите добро осмислени лаги дека адвокатите наводно си ги барале парите и тие ке тужеле ( а не тој) за некои рочишта против МПЦО Св. Петка. Се работи за лага!!!

 

  • Сакаме да информираме за следното:
  1. Адвокатите работеа и го бранеа владиката Петар, бидејки тој ги ангажира како правни лица во судското рочиште што го покрена против Св. Петка, верниците и управата. Дваесет години говори дека неговите адвокати работаат без пари. Ако  сега  адвокатите бараат, пари значи владиката лажел во претходните изјави. Адвокатите кои Св. Петка ги ангажира треба таа да си ги плати без разлика колку рочишта се добиени или изгубени. Управата на Св. Петка верува дека има добиено повеке рочишта, а  страната на владиката Петар треба да и плати на Св. Петка а не на адвокатите на Св. Петка. За адвокатските трошоци одговара страната која ги ангажирала.

 

  1. За да се пресмета точно кој на кого и колку му должи,  треба да се ангажираат неколку адвокати чија специјалност е пресметки  на судските трошкови.

 

  1. Според нашите адвокати, минимално само нашата страна би ја чинело околу $500.000 илјади долари, само за пресметките. А самиот процес би траел околу две години, до колку не се јават и други непредвидени работи, а што е вообичаено

 

  1. Се работи само од наша страна за околу двесте (200) кутии со судски материјали и сметки кои треба да се прегледаат, евидентираат и да се пресмета дали  дотичните (наши) адвокати за извршената работа во досегашниот судски процесс наплатиле точно колку што треба по предвидената тарифа  или пак повеке? А владиката Петар кој знае колку кутии наполнил со фалсификати.

 

  1. Се работи за 92 рочишта за кои судиите донесле пресуда, и која страна треба да ги плати трошковите. Секое рочиште имаше и различна цена.

 

  1. За вкупната сума за која ке се произнесат тимот специјалисти –  адвокати, ке треба да им се плати  за нивната работата од 15 до 20%. Значи ако  сумата е два милиони,  само за тоа работа треба да  се плати  околу  $400.000.

 

  1. Барем во годината кога нашата мајка црква го прославува својот педесетгодишен  јубилеј, да не се влечеме по австралиските судови. Зарем ништо не научивме за овие дваесетина години. Владиката кога можел да ангажира адвокати и да суди треба и да си ги плати трошковите. Цел судски процес е заснован врз лаги, а сега некој друг треба да плака,

 

  1. Значи ние како управа сега треба да покренеме судско рочиште за штетата која и е направена  на МПЦО Св. Петка, против владиката Петар и  неговите членови на управниот одбор и цел живот ке се тужиме, а благочестивиот Македонски народ  кој ги градеше овие велелепни храмови,  го испустивме и избркавме од црквите.

 

  1. Во оваа пригода најполезно за сета Македонска заедница и црква  би било  двете страин да си ги подмират своите трошкови кон своите адвокати, бидејки уште неколку милиони долари ке бидат фрлени по ветар за нечии терсене табиети.

 

  1. За владиката Петар не важат ни светите канони ни уставот на МПЦ – ОА. Простете господа Архиереи, немаме ништо што остана за да можат адвокатите да ни го продаваат и отугуваат. Ни  останаа само нашите  души и љубовта  кон црквата, Татковината и споменот кога го палевме Светиклиментовото кандило да свети на петтиот континент.  Денес пак кога треба сите да го прославиме тој голем и возвишен празник, 50-ет  годишниот јубилеј  на автокефалната Македонска Православна црква  – Охридска Архиепископија, некој се обидува повторно да нетормози и влече по судови.

 

  1. Ние како МПЦО Св. Петка сме дел од нашата Светиклиментова Македонска Православна црква – Австралискосиднејска Епархија која е регистрирана и  е правно лице во Австралија, што значи сега две епархии на иста црква, на ист народ се во судски спор? Значи ние се судиме сами со себе. Зошто?

–         Сето тоа само за еден човек, и до кога сето тоа ке се трпи и толерира.

До кога ке дозволуваме да се делиме и да се разнебитува Македонската заедница и МПЦ во Австралија. Зар не беа доволно дваесет години и потрошени милиони долари, а за тоа време со тие пари можеше многу работи да изградиме и во Австралија и во Македонија.

Зарем ние не сме деца на МПЦ, и ваши како на Архиереји на МПЦ, или сме посвоени и оставени на немилоста и тортурата на еден очув кој требаше да биде наш татко. Тој нѐ има толку разочарано што ги губиме сите надежи за успех на МПЦ и Татковината.

Управен одбор на МПЦО „Света Петка“