Ова е денот што го создаде Господ,
за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.
На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!