
Во понеделникот, на 02. 10. 2017 година, кога ги празнуваме светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт; светиот маченик Зосим Пустиник и свети Теодор, кнез Јерославски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) одржа час по веронаука.
На предавањето беа присутни повеќе верници и духовни чеда на отец Гаврил, кои во оваа прилика му изразија благодарност за неизмерниот труд и подвиг, кој го вложува во мисија на црквата.
Присутните, исто така му посакаа среќен пат за престојното патување за Малбурн и за родната Македонија.