Велики петок во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Јосиф, откако го испроси од Пилата чесното тело, со чиста плаштаница го завиткува, и со божествени мириси го миропомазува и во нов гроб го полага. Затоа жените мироносици, откако поранија, извикаа: Покажи ни го, Христе, воскресението, како што си претскажал.

 

На 06. 04. 2018 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот презвитерот Владо Недески отслужи Царски часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаница, на која символично се соврши симнувањето од Крстот и и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ.