GREAT AND HOLY THURSDAY / ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

The importance of this significant day of the Holy Week is that on this day the Lord established the two important mysteries for our salvation: The Holy Eucharist (at the Mystical Supper: “Take, eat, this is my Body which is broken for you for the remission of sins! Drink of it, all of you. This is My Blood, which is shed for you and for many, for the remission of sins! Do this in remembrance of Me”.) and the Jesus Prayer (“…Verily, verily, I say unto you: Whatsoever ye shall ask the Father in my name, He will give it you” (John 16:23). “And whatever you ask in My name, that I will do, that the Father may be glorified in the Son. 14 If you ask anything in My name, I will do it…”, John 14, 13-14). In other words, on Great and Holy Thursday begins the Holy Mystical life of the Church. The day began with Christ’s last teachings for the characteristic of perfect love which we need to obtain if we are His, His profound humility; the remembrance of the washing of the feet of His disciples which He did Himself: “If I then, your Lord and Master, have washed your feet; ye also ought to wash one another’s feet” (John 13;14). And it ended with the betrayal of the God-Man Jesus Christ to the high priests and Pharisees, carried out by Judas Iscariot, one of the closest of the Twelve Christ disciples.

Во четвртокот пред Пасха, односно на Велики Четврток, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќето куќи во еврејската земја во Христово време изгледале како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во горниот дел се поставувала гостинската соба. Во една таква соба, Христос, заедно со Своите ученици ја јадел последната пасхална вечера за празникот Бесквасници. Пред самата вечера Тој ја препашал Својата риза и им ги измил нозете на Своите ученици, поучувајќи ги на тој начин на понизност и љубов, давајќи им нова заповед на љубовта: „Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг.“ (Јован 15,17)
Тоа од Него избрано проштално јадење била всушност, пасхалната вечера, која била спомен на ослободувањето од Египет, обред пропратен со молитви, раскажување на настанот, славословење на Бога, псалмопеење – односно оброк на благодарење. Но самата старозаветна жртва ја нема моќта за очистување од прародителскиот грев, и таа е само праслика, сенка која укажува на грешноста, како и копнежот за искупување, и навестување за тоа што треба да се случи во иднината, Великата Жртва на помирувањето – Господ Исус Христос. На Тајната вечера, Христос Се објавува Себе како Новозаветна Пасхална жртва, како Божјо Јагне кое Се жртвува за простување на гревовите, и така ја дава наредбата лебот да се јаде и виното да се пие во Негова чест. Оваа чиста жртва која и ден денешен се извршува преку Светата Литургија, (Евхаристијата), ги поврзува сите христијани во едно. Потоа Христос ја изговара Својата молитва, наречена уште и првосвештеничка, преку која се обраќа кон Отецот да ги зачува сите оние кои веруваат во Него, и љубовта со која Отецот Го љуби Синот да биде и во нив.
По вечерата, Христос и Неговите ученици заминуваат во Маслиновата гора, на Гетсиманската градина, каде Тој се моли на Отецот, а учениците се надвасани од сонот. Во меѓувреме, Јуда Искариот (претходоно договорен со старешините), ги доведува војниците да Го фатат Исуса. Го предава со бакнеж, оти таков бил договорот за тие да Го препознаат меѓу другите. Тогаш Петар го вади својот нож и го пресекува увото на слугата на првосвештеникот, чие име било Малх. Исус му го исцелува увото на Малха, и го прекорува Петра велејќи му „сите кои се фаќаат за нож, од нож ќе изгинат.“
И сето тоа се случи за да се исполни Писмото. Евангелското читање на светата Василиева Литургија на овој ден се состои од описите на Тајната вечера од четворицата Евангелисти. При Великиот Вход се чита молитвата пред Света Причест („На Твојата Тајна вечера“). Истата молитва се чита и при причестувањето на клирот во олтарот, и верните во храмот. На истиот ден вечерта, се читаат 12-те страдални Христови Евангелија, а на шестото евангелие се вади чесниот Крст на средината на храмот, сите верници се поклонуваат пред него и го даруваат истиот ден.

о. Ѓорги Митев