На 05. 05. 2017 година, во навечерието на храмовиот празник посветен на свети вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Вечерна празнична богослужба.
На богослужбата присутвуваше многуброен верен народ.