
На 15. 04. 2017 година, во светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи Вечерна богослужба и света Василиева литургија.
На богослужението учествуваше верен народ, кој се причести со Божествените тајни.
Оној што некогаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница, Бесмртниот како смртен во гроб се полага; а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, викајќи: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспа, по три дена ќе воскресне.