На 14. 01. 2018, во неделата пред Богојавление (Водици), кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беа прочитани молитвите за почетокот на Новата Година.