На 14. 01. 2018, во неделата пред Богојавление (Водици), кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј Александар Ивановски заедно со старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беа прочитани молитвите за почетокот на Новата Година.