На 14. 01. 2018, во неделата пред Богојавление (Водици), кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија.
За време на богослужението беа изнесени моштите на свети Василиј на поклонение.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и се поклона на светите мошти.
По Светата Литургија беше прочитана молитва за почеток на Нова Година.
Парохискиот свештеник, отец Климент Станковски одржа беседа.
На крај мноштвото верници му го честитаа годишниот јубилеј од парохиската служба во Австралија на отец Климент и му посакаа крепко здравје, големи успеси во новото Лето Господово, многу мигови исполнети со радост.