Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

Денес виси на дрво Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите; во смешна багреница се обелкува Оној што небото го облекува со облаци; шлакациници прима Оној што во Јордан го ослободи Адама; со клинци се приковува црковниот Младоженец; со копје се прободе Синот на Дева: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, покажи ни го славното Твое воскресение.

 

На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ.