На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот презвитер Владо Недески во сослужение на протојереј Александар Ивановски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово.
На богослужението учество зеде мноштво верен народ.