На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.
По литијата и трикратниот опход околу манастирската црква, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.
Си слегол во долните места, за да исполниш сѐ со Твојата слава: од Тебе не се скри мојата падната природа од Адама. Но, погребан, ме обновуваш мене изгниениот, Човекољупче!