Осум дена по Твоето Воскресение, Исусе Цару, Единородно Слово на Отецот, им се јави на Твоите ученици, иако вратите беа заклучени, мирот Твој давајчи им го, и на ученикот кој не веруваше му ги покажа раните: Пријди и допри ги рацете и нозете, и Моите нетлени ребра. А тој, откако поверува, Ти викаше: Господ мој и Бог мој, слава Ти.
(хвалитна стихира на Утрена на Томина недела)
На 23. 04. 2017 година, во Втората недела на Воскресение (Томина недела), кога го празнуваме споменот на светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Свети шест илјади маченици во Грузија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.