На 24. 02. 2018, во саботата од првата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го празнува празникот Тодорова сабота и споменот на Светиот свештеномаченик Власиј; +Светиот маченик Георгиј Кратовски и Света Теодора, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојерејот Александар Ивановски во сослужение со старешината на храмот, jерејот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и взаемно си побараа прошка и си простија едни со други.