На 24. 02. 2018, во саботата од првата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го празнува празникот Тодорова сабота и споменот на Светиот свештеномаченик Власиј; +Светиот маченик Георгиј Кратовски и Света Теодора, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.