На 12. 02. 2018, кога Светата Црква ги празнува Тројцата Свети архиереи; Светиот свештеномаченик Иполит; Светиот маченик Теофил Нови; Света Батилда, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.
За време на богослужението беа изнесени моштите на свети Василиј Велики и на свети Игнатиј Антиохиски, а народот се поклони на нив.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.