На 02. 04. 2017 година, во Петтата Недела од Великиот пост – посветена на света Марија Египетска, кога се празнува споменот на преподобен маченик Јован и другите со него и на светата маченичка Фотина, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.