На 02. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец; Свети Данило, архиепископ Српски; Свети праведен Јован Кронштатски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.
Верниот народ ја имаше несекојдневната можност да се поклони на светите нетлени мошти од свети Игнатиј Богоносец, кои ги испрати сестра Илијана (Илкова), игуманија на Марковиот манастир од Македонија, за добриот прием, кој го имаше пред неколку месеци кога беше во посета на Австралија. Ја користиме оваа прилика уште еднаш да и се заблагодариме на Високопреподобната игуманија за нејзиното богоугодно дело.
Исто така верните се поклонија и на честичката – дел од дабот, кој преподобниот Јован Кронштадски го насадил во Свети Јовановскиот женски манастир во Петроград.
Верните со радост се поклонија на светите мошти и реликвии и ги упатија своите молитви кон светиите.
На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.