На 09. 03. 2018, во петокот од третата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Преподобен Еразмо, монах Печерски; (Акатист), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Литургија на Претходно-осветени дарови.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На Литургијата присуствуваа и Македонците од домот за стари лица „Естиа“.