На Австралискиот континент од неодамна во своја прва официјална работна посета се наоѓа 118-тиот Папа Александриски и Патријарх на цела Африка, на Светата Апостолска визија на свети Марко евангелистот, на Копската православна црква г. г. Тавадрос II од Александрија.
Тој благоволи во вторникот, на 12. 09. 2017 година во центарот на градот Мелбурн, во просториите на Теолошкиот Православен факултет „Свети Атанасиј Велики“ да организира свечен прием, на кој покрај големиот број на гости и преставници од Помесните православни цркви, на свечениот прием и вечера по претходна покана зеде учество и претставникот од Австралиско – сиднејската епархија, т.е. од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г. др. Ананија Ананиевски, заменик претседател на Македонската православна младина на Австралија (MOYA), како и член на Епархискиот црковно-просветен совет, кој во текот на приемот успеал да се види со Папата и меѓу другото и накусо да поразговарат за нашата Црква. Папата ја прифатил поканата за соработка и за посета на нашата земја.
На средбата биле разменети и пригодни подароци. Така преставникот на МПЦ – ОА, од свое лично име како и од умето на МПЦ – ОА на почитуваниот Коптски поглавар му подарил икона од свети Григориј Назајанзин и книгата „Пустинските отци“. Иконата ќе биде изложена јавно во неговата канцеларија во Каиро.
Потоа следувало богослужение со сите свештеници на Коптската православна црква во Австралија во новата црква света Верина.
Краток историјат на Коптската православна црква
Коптичката православна црква е главна христијанска црква во Египет. Денеска, таа претставува најголема црква во земјата, со околу 90% од вкупниот број на христијани во земјата, или ококу 15.000.000 верници. До 18 век се нарекувала само Египетска црква. Доктрински се совпаѓа со источното православие, освен што смета дека Исус имал чиста божествена природа и никогаш не станал човек, верување што Советот на Халкедон го одбил (види: монофизитски ерес) во 451 година. По освојувањето од Арапите (7 век) книги за служба биле пишувани со коптик и арапски во паралелни текстови. Црковната власт е демократска, а патријархот, кој живее во Каиро, се избира. Има конгрегации надвор од Египет, особено во Австралија и САД и црквата е во заедништво со етиопската, ерменската и сириската јакобинска црква.
Основање
Според верувањата, оваа православна црква била основана од страна на Свети Марко, апостол и евангелист, кон средината на 1 век (во приближно 42 година)
Одвојување
На Четвртиот вселенски собор, претставниците на Коптската црква не ги прифатиле решенијата на собирот, по кое тие биле прогласени за еретични. Тоа довело до сериозно потчинување на оваа црква, најпрвин од страна на Византија, а подоцна и од страна на арапските освојувачи, кои вршиле присилно исламизирање на локалното население. Со отфрлањето на Халкидонскиот собор (451) од теолошки и политички причини, Коптската црква се издвоила од православната. До 457 година еден монофизит бил патријарх александриски.
Под исламско управување
Од арапското освојување на Египет во 642, оваа црква е под муслиманската власт. За време на жестоките прогони во 10 и 11 век многу цркви биле разурнати, а голем број на христијани преобратени во ислам. Во текот на својата долга и неизвесна историја оваа црква успеала да ја сочува древната вера и традицијата. Христијанското монаштво започнало во Египет и тука се одржало без прекин. Денес доаѓа до препород на монашкиот живот со стапување на образовани луѓе и жени во манастирите.
Поглаварот на оваа христијанска црква, „папата александриски и патријарх на столицата на св. Марко“, имал свое седиште во Каиро почнувајќи од 11 век. Црковниот јазик кој се користи е коптски, кој повеќе не се употребува во современ Египет. Нејзините припадници најчесто ја користат литургијата на Свети Василиј, во текот на која му се упатуваат многу молитви „на Нил, рибите и живите суштества“.
Во текот на 19 век, патријархот Кирил IV започнал преговори за присоединување на коптските христијани кон православните, но бил отровен. Неговите противници влегле во сојуз со Рим во 1898 година. Така, под влијанието на Римокатоличката црква, околу 2% од членовите на црквата го признале приматот на римскиот папа. Оваа група истовремено ја образува и т.н. Коптска католичка црква.
Се до половината на 20 век живееле во релативна хармонија со соседите. Тоа било прекинато со доаѓањето на Гамел Абдел Насер, чија политика на национализација на приватната сопственост ги погодило пред се коптските христијани, чиј живот се влошил до таа мера што голем дел емигрирале. Коптите наиделе на бројни пречки и тортури- од нивната неадекватна застапеност во јавниот сектор до проблеми при добивање на дозволи за градба на верски објекти.
Црквата денес
Коптската православна црква се состои од околу 400 општини, подредени на 32 епархии, од кои 28 се во Египет, 2 во Судан и по 1 во Кенија и Израел. Богослужбата во неа се води на арапски и коптски. Карактеристично за Коптската црква е осмогласието и користењето на литургиите на Василиј Велики, Григориј Богослов и Кирил Александриски, со што се сродни со Православната црква. Друга карактеристика за коптите е тоа што нивното крштевање вклучува и тетоважа во вид на крст.
Денес Коптите во Египет се теоретски рамноправни со останатите, а според официјални извори ги има околу 9 милиони. Во САД ги има околу 30.000 и се собрани во 14 цркви.
На чело на Коптската православна црква стои папа, кој ја има титулата Патријарх на Александрија. Моментален папа е Теодор III. Најпознати припадници на коптските христијани од Египет се поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бутрос Бутрос Гали и глумецот Омар Шариф.
Од 365 дена во годината Коптите постат дури 210 дена.
Коптите станале актуелни по 1 јануари 2010, кога се случил крвав напад врз Коптска Православна црква во Александрија, во кои биле убиени 21 лице. Се случиле големи судири со полицијата, со главно барање заштита на христијаните. По овој напад во Европа пораснала загриженоста дека на мета на терористите би можеле да се најдат и Коптите кои живеат во Германија, Франција и Австрија. Нереди во Каиро се случиле и во март 2011 година, кога група муслимани ја нападнале христијанската коптска црква во Каиро, тврдејќи дека сакале да ослободат девојка која присилно била држена во храмот затоа што имала намера да премине во ислам.