
На 15. 03. 2018 година, Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев) во придружба на презвитер Климент Станковски ја посетија Македонската добротворна организација (MCWA) која е една од најуспешените организации во Австралија и се занимава со помош и услуги, пред се на старите и изнемоштени луѓе во македонската заедница.
Во разговорот со главниот менаџер Диана Стерјовска и вработените на организацијата беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебните односи и соработка на организацијата со Епархијата. Во оваа прилика од страна на претставниците од Австралиско-сиднејската епархија беше доделен од најновиот број на епархиското списание „Православие“.
Австралиско-сиднејската Епархија е секогаш отворена за соработка со вакви организации и за доброто на Македонскиот народ во Австралија.