На 23. 02. 2018, во петокот од првата седмица на Великиот пост, во предвечерието на Тодорова сабота, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.