На 02. 04. 2017 година, во Петтата недела од Великиот пост – посветена на света Марија Египетска, кога се празнува споменот на преподобниот маченик Јован и другите со него и на светата маченичка Фотина, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски отслужи Света божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.