Events

Активностите и плановите на новиот Црковен одбор (управа) при Црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост (Квинзленд)

Со доаѓањето на новите членови во Црковен одбор при Црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост (Квинзленд) најпрво си ја поставивме главната цел – да го отвориме храмот за верните. Од таа цел произлегоа и уште други две: да го завршиме неговото доградување, како и да обезбедиме редовен парохиски свештеник со цел да се возобнови литургискиот и светотаинскиот богослужбен живот при нашата црковна општина. За кратко време со активна соработка …

Цветници во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам – Мелбурн (Викторија)

„Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен е и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата” (Захариј 9, 9)   На 01. 04. 2018 година, кога Светата Црква го празнува празникот Влегување Христово во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, …

ОДЛУЧЕТЕ СЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ – ЗА ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО ИЛИ ЗА ЦАРСТВОТО ЗЕМНО! – Митрополит Струмички Наум / MAKE A CHOICE – THE KINGDOM OF HEAVEN OR THE KINGDOM OF EARTH – Metropolitan Naum of Strumica

Зошто истите луѓе што Го внесуваат и дочекуваат во слава Богочовекот Христос во Ерусалим (види: Матеј 21, 1–11), по само неколку денови на најразлични начини се одрекуваат од Него? (види: Лука 23, 1–25). Од истата причина како и ние денес – со таа разлика што за нив има некакво оправдување, а за нас нема никакво. Причината е заробеноста на нашето срце од страстите, поистоветувањето со овосветските форми на самочовечко здружување …

Света Архиерејска Литургија за празникот Цветници во храмот „Свeти вмч. Димитриј“ во Волонгонг (Нов Јужен Велс)

„Кога сакаше да влезеш во Светиот град, Господи, луѓето носеа гранчиња од дрвја, воспевајќи Те Тебе, Господару на сите, и гледајќи Те како седиш на осле, како на престол херувимски; поради ова, пееја вака: Осана во висините, блегословен е Оној што дошол и пак доаѓа во името на Господа“ (хвалитна стихира на Утрена на Цветници)   На 01.04.2018 година, кога Светата Црква го празнува Влегувањето на Господ Исус Христос во …