Events

УТРЕНА БОГОСЛУЖБА И ОПЛАКУВАЊЕ ХРИСТОВО ВО ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО КАБРАМАТА

Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи.   На 03. 05. 2024 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот протоерејот Игор Младеновски Владо отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето …

ВЕЛИКИ ПЕТОК

Велики Петок е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запометена, го посочил примерот …

УТРЕНА БОГОСЛУЖБА СО ЧИТАЊЕ НА 12 ЕВАНГЕЛИЈА ЗА ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА И ИЗНЕСУВАЊЕ НА РАСПЕТИЕТО ХРИСТОВО ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 02. 05. 2024 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.

УТРЕНА БОГОСЛУЖБА СО ЧИТАЊЕ НА 12 ЕВАНГЕЛИЈА ЗА ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА И ИЗНЕСУВАЊЕ НА РАСПЕТИЕТО ХРИСТОВО ВО ЕПИНГ

На 02. 05. 2024 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.